Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Конкурс за најубав велосипед во Македонија

ВелоФест распишува награден конкурс за најубав градски велосипед во Македонија.

Сите лица - сопственици на велосипед се повикани да учествуваат со својот велосипед.

 

Услови за да конкурирате со вашиот велосипед се:

- велосипедот да е во возна состојба

- велосипедот да се користи за возење низ градска средина

- велосипедот да се наоѓа во Република Македонија

 

Испрати фотографија од твојот велосипед преку е-пошта на: najubav [мајмунче] velofest.mk, заедно со пополнет формулар.

 

Краен рок за пријавување е петок, 19 март 2010 година.

Правила и услови на Повикот за Македонски велосипедска уметност и дизајн .


Конкурсот ќе биде оценуван од жири комисија составено посебно за таа цел од уметници, дизајнери, велосипедисти и експерти за убавина.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид