Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Повик за стари/историски фотографии со велосипеди од Македонија

ВелоФест е во потрага по стари, односно историски велосипедски фотографии од Македонија. Целта е да се состави изложба на фотографии од историјата на Македонскиот, градски велосипедизам.

 

Фотографиите треба да ја отсликуваат некогашната градска велосипедска култура и заедница ширум Македонија.

 

Сите лица кои поседуваат такви фотографии се повикуваат да стапат во контакт со ВелоФест организацискиот тим.

 

Фотографиите, заедно со нивниот опис, треба да ги добиеме најдоцна до март 2010 година.

 

Сите фотографии ќе бидат изложени во виртуелната галерија на фестивалот, додека избор од најдобрите ќе бидат изложени за време на фестивалот во сите градови каде тој ќе гостува.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид