Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Конкурс за најубав велосипед во Македонија

1 Права и дозволи

 

1.1 Со поднесување на пријава во Повиток за најубав градски велосипед ги прифаќаш Правилата и условите претставени тука.

 

1.2 Потврдуваш дека ти си сопственик на велосипедот и дека можеш да ги обезбедиш сите побарани употреби од организаторот на ВелоФест.

 

1.3 ВелоФест организаторот не превзема никаква одговорност за било какво побарување од трета страна во однос на пријавите за премии, наплати и пари побарувани од било кое лице.

 

2. Употреба на велосипедот и фотографиите

 

2.1 Со пријавивање на овој повик се согласуваш дека било кој твој пријавен велосипед може да се користи од организаторот на ВелоФест исклучиво за промоција на ВелоФест, а тоа го вклучува следново:
- изложување на велосипедот од страна на ВелоФест организаторот за време на фестивалот.
- фотографирање на велосипедот.
- објавување во каталози и публикации, како и на интернет страницата на ВелоФест, на сите информации, заедно со фотографиите вклучени во пријавата.

 

2.2 Му одобруваш на организаторот на ВелоФест не-ексклузивна, неотповиклива лиценца за секоја пријава за цел свет на сите медиуми за употребите опишани погоре во 2.1, за период од 1 година, почнувајќи од датумот на објавување на избраниците.

 

3 Пријавување, оценување, прогласување и датуми

 

3.1 ВелоФест Повикот за најубав градски велосипед е отворен за сите сопственици на велосипеди од Македонија.

 

3.2 Пријавите мора да бидат поднесени не покасно од петок, 19ти март 2010 година.

 

3.3 Да се пријавиш е потребно да ја испратиш фотографија од твојот велосипед преку е-пошта на назначената адреса : najubav [мајмунче] velofest.mk.

 

3.4 Секоја пријава мора да биде придружена со овој формулар, пополнет.

 

3.5 Велосипедот мора да е во возна состојба и да се употребува во Македонија.

 

3.6 Најубавите велосипеди ќе бидат одбрани од жири составено од дизајнери, уметници и велосипедисти, во периодот од 20ти март и 1ви април 2010 година.

 

3.7 Избор од најубавите велосипеди ќе биде објавен од 1ви април 2010 година.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид