
ВелоФест 2010
- Креативен фестивал за велосипеди -
2010: Градски велосипедизам
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Повик за учество во работилница на тема „ Градови и велосипеди “
Во рамките на Велофест 2010 Скопје – креативен фестивал за велосипеди, се организира работилница за проектирање на велосипедски патеки. Работилницата е организирана од Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонски факултет – Скопје, во соработка со Коалиција за одржлив развој и поддршка од Град Скопје и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
За време на работилнцата треба да се изработат решенија за велосипедски патеки за три типови на потреби:
-туристички
-рекреативни
-градски
Работилницата ќе биде отворена за сите студенти од 8 семестар и апсолвенти, а ќе се одржи во просториите на Архитектонски факултет - Скопје во периодот од 8 до 11 април 2010 година.
Раководител на работилницата ќе биде Мартијн Ј. те Линтело, Велосипедски совет на Холандија, експерт за мобилност, во соработка со асистенти од Архитектонски факултет, Скопје.
Пријавувањето е во архивата на архитектонски факултет најдоцна до (среда) 24 март 2010 година или на е-пошта: rabotilnica [мајмунче] velofest.mk
На завршниот ден од фестивалот ќе биде отворена изложба на која студентите ќе ги презентираат своите решенија.
Препорака: студентите во работилницата да бидат активни учесници во велосипедскиот сообраќај во градот.
Работата во работилницата ќе биде на англиски јазик.
Превземи формулар за пријавување на работилницата.