
ВелоФест 2010
- Креативен фестивал за велосипеди -
2010: Градски велосипедизам
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Галерија: Од историјата на Македонскиот градски велосипедизам
Дел од изложбата на стари, историски фотографии од Македонскиот градски велосипедизам. За да ги погледнеш и останатите фотографии ќе мора да дојдеш на ВелоФест 2010.
...побарај кога е во твојот град.
Oваа изложба е збир на фотографии од бројни автори (некои дури и непознати) и од бројни локации, која ја истакнува присутноста на велосипедите во градовите во Македонија.
Со фотографиите опфатен е периодот на 20тиот век, односно од 1907 година (кога е снимена првата позната фотографија со велосипеди од страна на Милтон Манаки) па се до 1999 година.
Изложбата е резултат на повеќе-месечна ентузијастичка работа на група граѓани, кои и не се познаваат меѓусебе, во потрага по стари фотографии поврзани со велосипедизмот во Македонија.
Истакнуваме голема благодарност до:
Државен архив на Република Македонија за одобрување за употребата на фотографиите на Милтон Манаки;
Нова Македонија за дозволата да копаме по нивната фото-архива и да ги употребиме фотографиите;
Македонски центар за фотографија за соработката;
граѓаните кои ни дозволија да ги користиме нивните домашни фотографски збирки:
Ангеле Групче;
и
Љупка Мостро Јованоска.