Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Возиме велосипед

9 април 2010

 

Собир во 18:00 часот, на рекреативната патека крај Река Вардар во Карпош (кај мостот Обединети Нации).

 

Возиме по велосипедската патека се до излезот (Кај Жабарот/кај Влада на РМ) па по булевар Климент Охридски, па лево на бул. Илинден, потоа десно на булевар ВМРО, па до раскрсницата со улица Митрополит Теодосиј Гологанов, каде се врти лево по улица Митрополит Теодосиј Гологанов. Возиме право по 11 Октомври па лево по ул Стив Наумов, десно по ул. Кеј Димитар Влахов, преминуваме булевар Кочо Рацин и право до Младинскиот културен центар.

 

Напомена:

Возењето велосипед е по велосипедските патеки и како учесници во сообраќајот, според собрааќајните правила.

 

Учесниците се приклу чуваат на ова симболично возење велосипед на сопствена одговорност и секој е одговорен за своето однесување, односно задолжителна опрема на велосипедот.

 

Организаторот не превземаат одговорност за невнимание или непрописно однесување на поединци и учесниците ги ослободуваат организаторот и патнерите на ВелоФест од било какви правни одговорности.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид