
ВелоФест 2010
- Креативен фестивал за велосипеди -
2010: Градски велосипедизам
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
Возиме велосипед
8 април 2010
Собир во 18:00 часот, на раскрсницата на бул. Јане Сандански со бул. Србија, (кај Про Кредит Банка).
Возиме по велосипедската патека на булевар Јане Сандански па се надоврзуваме на велосипедската патека на булевар К. Ј. Питу, се до раскрсницата со булевар Кочо Рацин. Тука се врти десни по булевар Кочо Рацин преку мостот на Река Вардар па повторно десно на улица Кеј Димитар Влахов и од таму се до Младински културен центар.
Напомена:
Возењето велосипед е по велосипедските патеки и како учесници во сообраќајот, според собрааќајните правила.
Учесниците се приклу чуваат на ова симболично возење велосипед на сопствена одговорност и секој е одговорен за своето однесување, односно задолжителна опрема на велосипедот.
Организаторот не превземаат одговорност за невнимание или непрописно однесување на поединци и учесниците ги ослободуваат организаторот и патнерите на ВелоФест од било какви правни одговорности.