Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Возиме велосипед

7 април 2010

 

Собир во 18:00 часот, на бул. Ѓорче Петров, на раскрсницата (кај трговски центар СП Планет).

 

Се движиме по велосипедската патека ќе се движи по бул. Ѓорче Петров до раскрсницата со бул. Партизански Одреди. Од таму се продолжува десно, по велосипедската патека на бул. Партизански Одреди се до почетокот на булеварот - до раскрсницата со булевар ВМРО. На почетокот на бул. Партизански одреди се врти десно, до раскрсницата со улица Митрополит Теодосиј Гологанов, каде се врти лево по улица Митрополит Теодосиј Гологанов (покрај Рекорд). Потоа се продолжува право по улица 11 Октомври па лево по улица Стив Наумов (кај Градска болница), се до улица Кеј Димитар Влахов каде се врти десно, се преминува булеварот Кочо Рацин; се продолжува по ул. Кеј Димитар Влахов до Младинскиот културен центар.

 

Напомена:

Возењето велосипед е по велосипедските патеки и како учесници во сообраќајот, според собрааќајните правила.

 

Учесниците се приклу чуваат на ова симболично возење велосипед на сопствена одговорност и секој е одговорен за своето однесување, односно задолжителна опрема на велосипедот.

 

Организаторот не превземаат одговорност за невнимание или непрописно однесување на поединци и учесниците ги ослободуваат организаторот и патнерите на ВелоФест од било какви правни одговорности.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид