Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Кога водата тивко шумоли

р: Коле Ангеловски

к: Ѓоко Поповски

м: Кемал Демировиќ

т: Варнава Андреевски
Кога водата тивко шумоли
Македонија, 1979, 8' 35"

 

GanjoИдејата за филмот е на Ѓоко Поповски – Гањо. Тој, како спортски фотограф и снимател во 1963 година за прв пат се сретнал со спортскиот велосипедизам, за време на снимањето на трката низ Југославија, која тогаш одела од Скопје до Сараево. Гледајќи го напорот на велосипедистите низ бројните променливи ременски и патни услови: дожд, ветар, сонце, угорнини, без вода, без храна... им се восхитува на нивнаот подвиг и доаѓа до заклучок дека спортскиот велосипедизам е пред маратонот по тежина.

 

 

 


PressВо 1974 година Гањо ја снима Меѓународната велосипедска трка низ Југославија. Трката започнала во Скопје, а завршила во Љубљана, додека Гањо постојано ги следел велосипедистите на мотор со камерата во рака.

 

Тој се сеќава додека поминувале покрај Јадранската обала, велосипедистите застанувале да се избањаат и да се освежат од жешкото време, но тоа било против правилата и за секое бањање добивале казнени поени. Сепак тоа не ги спречувало да не влезат во морето.


Снимениот материјал го носи во Скопје каде по неколку обиди со неколку режисери, се среќава со Коле Ангеловски кој прифаќа да изработи документарен филм од материјалот.
Извадоци од овој документарен филм се пуштани на Македонската радио телевизија неколку пати.


Филмот претрпува измена во соработка со Вардар филм со цел да биде прикажан на Белградскиот фестивал за документарен филм од 1979 година. Таму филмот постигнува успех и е прикажан во преполна сала на Домот на синдикатите.

 

Документарниот филм „Кога водата тивко шумоли“ останува безвременски сведок на напорите кои велосипедистите ги поминуваат и инспирација да се вози велосипед.

 

 

Cinemateque of Macedonia

 

QD2010The Netherlands

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид