Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Повик за Македонска велосипедска фотографија

Повелба на правата

1 Авторски права и дозволи

 

1.1 Со поднесување на слики на ВелоФест Повикот за Македонска велосипедска фотографија потврдуваш за секоја поднесена слика дека:
- Ги прочита и разбра овие Правила и услови на Повикот.
- Само ти си автор на твојата слика и дека таа е твое оригинално дело,
- Ти си единствен сопственик на авторските права,
- Немаш лиценцирано било какви права на сликата кои се во спротивност на правата за користење побарани од организаторот на ВелоФест,
- Имаш дозвола од секоја личност на фотографијата, или доколку е помлада од 18 години дозвола од родител или старател, која е во согласност со правата за користење побарани од организаторот на ВелоФест,
- Имаш дозвола од сопственикот на поседот прикажан на фотографијата, која е во согласност со правата за користење побарани од организаторот на ВелоФест,
- Дека не се вклучени никакви заштитни знаци, права од договори или било какви лични поседовни права на било која трета личност или субјект,
- Дека не се вклучени имиња, сличности или други карактеристики кои идентификуват славни или јавни личности, живи или мртви,
- Ти ќе бидеш одговорен за било какво побарување од трета страна во однос на твојата пријава и гарантираш кон организаторот на ВелоФест и неговите спонзори/партнери во однос на сите премии, наплати и пари побарувани од било кое лице поврзани со твое прекршување на горенаведеното.

 

1.2 Организаторот на ВелоФест има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисфалификува секоја пријава која не е во согласност со некое од гореспоменатите правила и услови, дури и во случај пријавата да е објавено на порталот на ВелоФест.

2.Неприфатливи содржини

 

2.1 Организаторот на ВелоФест има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисфалификува пријавата која:
-Содржи лична препознатлива визуелна информација за тебе или некоја друга личност,
-Содржи заканувачки, лажни, навредливи, вознемирувачки, вулгарни, скандалозни, безобразни или порнографски содржини,
-Содржи било каков материјал кој може да воспостави или охрабри однесување кое може да предизвика криминален престап, граѓанкса непослушност или било какво кршење на законот.

 

2.2 Се согласуваш дека ќе гарантираш кон организаторот на ВелоФест или неговите спонзори/партнери во случај на побарувања од трети лица или субјекти поради твое прекршување на гореспоменатите правила.

3. Твои Авторски и Морални права

 

ВелоФест ги почитува правата на фотографите и не бара никакви авторски права на пријавените фотографии на овој Повик, тие ќе останат во твоја сопственост за секоја пријава.

Во согласност на ова ќе се почитуваат и твоите морални права. Било кога да се објави твоја фотографија од организаторите на ВелоФест и неговите партнери, ќе бидеш заслужен. Неуспешно објавување на заслугите како последица на грешка или превид нема да се смета како прекршување на овие услови.

4. Употреба на фотографиите

 

4.1 Со пријавивање на овој повик се согласуваш дека било која твоја пријавена фотографија може да се користи од организаторот на ВелоФест и неговите партнери исклучиво за маркетиншки и промотивни цели на ВелоФест или идни фестивали, но не за други цели, овие употреби вклучуваат:
- оценување на Повикот,
- објавување на пријавите на порталот на ВелоФест и порталите на неговите партнери,
- објавување на пријавите на јавна изложба за промовирање на ВелоФест,
- објавување на пријавите во книга, списание и слично,
- публикување на пријавите на постер за промовирање на ВелоФест,
- публикување на пријавите на разгледници за промовирање на ВелоФест,
- публикување на пријавите на календар за промовирање на ВелоФест,
- публикување во друг медиум за промовирање на ВелоФест,
- кастрење и менување на големината на фотографијата доколку е потребно за вклопување во дефиниранот формат за промовирање на ВелоФест,
- сублиценцирање на пријавите на дневниот печат при репродуцирање поврзано со Повикот или билокаква слична изложба, и
- вклучување во било кој промотивен материјал или изложба на фотографии од овој повик организарана од ВелоФест организаторот.

 

4.2 Му одобруваш на организаторот на ВелоФест не-ексклузивна, неотповиклива лиценца за секоја пријава за цел свет на сите медиуми за употребите опишани погоре во 4.1, за период од 3 години, почнувајќи од датумот на објавување на победниците.

 

4.3 Авторот може да ја донира горната не-ексклузивна лиценца на организаторот на ВелоФест на бескраен временски период, по свој сопствен избор.

 

4.4 Како исклучок на 4.2, победничките пријави објавени на интернет страницата на ВелоФест 2010 ќе останат на интернет страницата од таа година како архива на фестивалот.

 

4.5 Ја разбираш твојата одговорност за заштита на твоите пријави против злоупотреба од трета страна, на пример, но не лимитирано на, вметнување на воден жиг. Организаторот на ВелоФест и неговите пратнери не можат да превземат никаква одговорност, ниту се одговорни за билокаква злоупотреба на фотографија.

 

4.6 Доколку се појави потреба за употреба на фотографијата надвор од потребата за промоција на ВелоФест, ќе бидеш контактиран и ќе ти биде дадена можност за преговарање со страните независно од повикот.

5 Пријавување, оценување, програсување и датуми на затварање

 

5.1 ВелоФест Повикот за Македонска велосипедска фотографија е отворен за сите фотографи, аматери или професионалци.

 

5.2 Пријавите мора да бидат поднесени не покасно од петок, 19 март 2010 година.

 

5.3 Да се пријавиш е потребно да ја испратиш твојата фотографија преку е-пошта на назначената адреса : photo [мајмунче] velofest.mk.

 

5.4 Фотографиите треба да бидат со минимална резолуција од 2 Мега пиксели и максимална големина од 10 Мега бајти.

 

5.5 Фотографиите треба да бидат во JPEG, EXIF 2.1 формат

 

5.6 Нема ограничување за бројот на пријавени фотографии од еден автор.

 

5.7 Секоја пријавена фотографија мора да биде придружена со овој формулар, пополнет.

 

5.8 Фотографиите мора да се сликани по 1999 година.

 

5.9 Фотографиите мора да се фотографирани во Македонија.

 

5.10 Тема за оваа година е „Урбан велосипедизам“.

 

5.11 Фотографиите мора да бидат без или со минимална обработка.

 

5.12 Фотографиите ќе бидат оценувани од жири составено до фотографи и велосипедисти, во период од 20ти март до 1ви април 2010 година.

 

5.13 Краток избор од 30 фотографии ќе бидат селектирани и објавени од 1ви април 2010 година.

 

5.14 Победниците ќе бидат објавени на свеченоста за доделување на наградите.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид