Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Повик за Македонски велосипедски филм

1 Авторски права и дозволи

 

1.1 Со поднесување на филм на ВелоФест Повикот за Македонски велосипедски филм ги прифаќаш Правилата и условите претставени тука.

 

1.2 Потврдуваш дека ти си автор на пријавата, или дека имаш дозвола да ги обезбедиш сите побарани употреби на филмот на организаторот на ВелоФест.

 

1.3 ВелоФест организаторот не превзема никаква одговорност за било какво побарување од трета страна во однос на пријавените дела во однос на премии, наплати и пари побарувани од било кое лице.

 

2.Неприфатливи содржини

 

2.1 Организаторот на ВелоФест има право, во целосна слобода на одлучување, да ја дисквалификува пријавата која:
-Содржи лична препознатлива визуелна информација за тебе или некоја друга личност,
-Содржи заканувачки, лажни, навредливи, вознемирувачки, вулгарни, скандалозни, безобразни или порнографски содржини,
-Содржи било каков материјал кој може да воспостави или охрабри однесување кое може да предизвика криминален престап, граганска непослушност или било какво кршење на законот.

 

3. Твои Авторски и Морални права

 

ВелоФест ги почитува правата на уметниците и не бара никакви авторски права на пријавените филмови на овој Повик, тие ќе останат во твоја сопственост за секоја пријава.

 

Во дополнение се почитуваат и твоите морални права. Било кога да се изложи твоето дело од организаторите на ВелоФест и неговите партнери, ќе бидеш заслужен. Неуспешно објавување на заслугите како последица на грешка или превид нема да се смета како прекршување на овие услови.

 

4. Употреба на филмот и фотографиите

 

4.1 Со пријавивање на овој повик се согласуваш дека било кој твој пријавен филм може да се користи од организаторот на ВелоФест исклучиво за промоција на ВелоФест, а тоа го вклучува следново:
- прикажување на филмот од страна на ВелоФест организаторот и неговите партнери, за време на фестивалот во неограничен број.
- правење на монтажа на извадоци од неколку одбрани филмови за фестивалот и прикажување на истата.
- репродуцирање и прикажување на клипови од одбраните филмови претставени на фестивалот на телевизиски канали и на интернет страници. Овие клипови се ограничени на 10% од времетраењето на филмот и не може да траат подолго од 3 минути. Тие може да се користат само како дел од новинарски теми за фестивалот, ТВ или интернет програми и интервјуа и/или промотивни трејлери или реклами за сегашни или идни изданија на ВелоФест.
- користење на слики од филмот во било која публикација,
- објавување во каталози и публикации, како и на ВелоФест интернет страницата, сите информации, вклучувајќи и фотографии, дадени при пријавувањето.

 

4.2 Му одобруваш на организаторот на ВелоФест не-ексклузивна, неотповиклива лиценца за секоја пријава за цел свет на сите медиуми за употребите опишани погоре во 4.1, за период од 1 година, почнувајќи од датумот на објавување на победниците.

 

4.3 Авторите може да ја донираат горната не-ексклузивна лиценца на ВелоФест организаторот на бескрајно долго време, по своја желба.

 

5 Пријавување, оценување, програсување и датуми

 

5.1 ВелоФест Повикот за Македонски велосипедски филм е отворен за сите филмски работници, аматери или професионалци и за било кој вид на филм (фикција, анимација, документарци, експериментални).

 

5.2 Пријавите мора да пристигнат не покасно од петок, 19ти март 2010 година.

 

5.3 Да се пријавиш е потребно да го испратиш твојот филм на назначената адреса:
ВелоФест
Ул. 27 Март бр. 14
1000 Скопје
Македонија

 

5.4 Трошоците за пратката мора да бидат покриени од учесникот.

 

5.5 Може да прифатиме само пријави на ДВД, а материјалите поднесени не се враќаат.

 

5.6 Нема ограничување на број на филмови од еден автор.

 

5.7 Секој поднесен филм треба да биде пропратен со овој формулар, пополнет.

 

5.8 Секој филм мора да биде придружен со една слика од филмот

 

5.9 Учесниците се одговорни за доставените информации при пријавувањето.

 

5.10 Делото мора да е направено во Македонија.

 

5.11 Тема за оваа година е „Урбан велосипедизам“.

 

5.12 Доколку постојат дијалози на јазик поинаков освен Македонскиот, дијалозите мора да бидат титлувани на Македонски. Листа на дијалозите мора да биде вклучена.

 

5.13 Делата ќе бидат одбрани од жири составено од филмски работници и велосипедисти, во периодот од 20ти март и 1ви април 2010 година.

 

5.14 Избор од најмногу 10 филма ќе бидат селектирани и објавени од 1ви април 2010 година.

 

5.15 Победниците ќе бидат објавени на наградната церемонија.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид