Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2010

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2010: Градски велосипедизам

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Спортистот Лоетцш

 

Сандра Прехтел / Саша Хилперт
Спортистот Лоетцш
Германија, 2008, 85 мин

 

Волфганг Лоетцш во 70тите години на минатиот век бил најталентираниот источноевропски велосипедист. Неволен револуционер, тој одбил да биде дел од државниот спортски апарат. Во текот на 17 годишната кариера во Источна Германија освојувал трка по трка, но никогаш не му било дозволено да учествува на меѓународните натпревари надвор од земјата. Штази, источно-германската тајна служба се погрижила да замрзне неговата кариера и постојано бил под надзор на повеќе од 20 службеници. Спортските клубови блиски до власта му онемовозможувале да стартува на натпреварите и иако некогаш би тргнал со 10 минути задоцнување, секогаш победувал.


После издржувањето на едногодишната затворска казна поради анти-комунистички делувања, Лоетцш продолжил успешно да спортува. По обединувањето на Германија бил веќе престар за да се занимава професионално со велосипедизмот, така да сега работи како механичар за велосипедскиот тим Милрам. Филмот Спортистот Лоетцш е приказна за аполитичен спортист кој развива одбивност кон опортунизмот, кукавичлукот и предавството, и способноста на еден човек да ја поремети машинеријата на репресивниот државен апарат.

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Берово, Виница, Босилово, Кочани, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кичево, Охрид