Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2011

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2011:Велосипедска свест

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

ВЕЛОФЕСТ 2011 СКОПЈЕ

 

„Визија за туристичка велосипедска патека – Скопје навечер.“

 

Скопје, 27 април 2011 година – На 28 април, четврток, 2011 година, со почеток од 18:40 часот, по улиците на Скопје ќе биде претставена визија за туристичка велосипедска патека – Скопје навечер.


Велосипедската авантура ќе започне од Градскиот плоштад „Македонија“ од каде учесниците без велосипед ќе може да изнајмат. Патеката е долга 6,4 км и се предвидува да трае околу 2 часа. Турата ќе ги опфати: кејот на Вардар, Жена парк, ул Македонија, Спомен куќата на Мајка Тереза, Стара железничка станица, Соборен храм, Дебар Маало, Градски парк, Камени Мост и Старата чаршија. Промотивната тура ќе заврши во кафулето Ла Кања во Старата чаршија на по една пијачка и можност да се погледне филмот „Татко и ќерка“ на Холандскиот режисер Михаел Дудок де Вит, добитник на Оскар во 2001 година за најдобар краток анимиран филм.


„Идејата е да се изврши спој меѓу туристичките знаменитости во центарот на Град Скопје и ноќниот живот со што ќе се понуди поинаква, интересна содржина како за туристите, така и за самите граѓани.“ вели Олгица Нелковска од здружението на граѓани Одржливи иницијативи. Патеката е идеја на Зорица Дрвошанова и Ирина Јовановска, студенти на Архитекторнски факултет – Скопје, произведена за време на минатогодишната работилница за урбанистичко планирање на велосипедски патеки во Скопје - „Градови и велосипеди“. Додека патеката која ќе се вози во четврток е доработена во соработка со Град Скопје.


Заинтересираните граѓани и туристи се добредојдени со своите велосипеди на Градскиот плоштад „Македонија“ од 18:40 часот за дво-часовна туристичко-велосипедска авантура по улиците на Скопје. Тие што немаат велосипед, а сакаат да изнајмат од сервисот на Градот, пожелно е да дојдат порано поради процедурата, но и поради ограничениот број на велосипеди.


Работилницата „Градови и велосипеди“, која беше предводена од експертот за транспорт Вим ван дер Вијк од Холандија и ментори од Архитектонски факултет – Скопје, а поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје резултираше со бројни иновативни велосипедски патеки за Скопје. Публикацијата со резултатите е достапна преку интернет страницата на Одржливи иницијативи: www.inicijativi.org.mk.

 

Промоцијата на туристичката велосипедска патека – Скопје навечер е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија и се одржува во чест на Денот на Кралицата.

 

 

 

 

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Прилеп