Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2011

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2011: Велосипедска свест

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

Повик за учество во работилница на тема „ Креирање на урбани велосипедски патеки“

Во рамките на Велофест 2011 – креативен фестивал за велосипеди, се организира работилница за проектирање на велосипедски патеки. Работилницата е организирана од Одржливи иницијативи во партнерство со Архитектонски факултет – Скопје, во соработка со Форум за авангардна креативност и поддршка од Општина Прилеп и Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

За време на работилнцата треба да се создадат спроведливи визии за конкретни критични точки за велосипедскиот сообраќај во Прилеп со што ќе се придонесе во подобрување на градското возење велосипед.

 

Работилницата ќе биде отворена за сите апсолвенти од Архитектонски факултет. Програмата на работилницата ќе се реализира во Прилеп, од 1 до 4 април 2011 година и во просториите на Архитектонски факултет - Скопје, 26 до 27 март и 9 и 10 април 2011 година.

 

Раководител на работилницата ќе биде Вим ван дер Вијк, експерт за транспорт, при „Ројал Хасконинг“ од Холандија, во соработка со асистенти од Архитектонски факултет, Скопје.

 

Пријавувањето е во архивата на Архитектонски факултет најдоцна до (понеделник) 14 март 2011 година или на е-пошта: rabotilnica [мајмунче] velofest.mk

 

Во рамките на ВелоФест 2011 ќе биде отворена изложба на која студентите ќе ги презентираат своите решенија.

 

Препорака: студентите треба да бидат активни учесници во велосипедскиот сообраќај.


Работилницата ќе биде на англиски јазик.

 

Превземи формулар за пријавување на работилницата.

 

Погледни ги резултатите од работилницата во 2010 година.

 

Архитектонски факултет - Скопје . ЦОИ.

SK Ilinden

Скопје

Холандска амбасада

 

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Прилеп