
ВелоФест 2011
- Креативен фестивал за велосипеди -
2011:Велосипедска свест
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
ВЕЛОФЕСТ 2011 ПРИЛЕП
„Прилеп како пример за другите градови во Македонија.“
Прилеп, 21 април 2011 година – На 20 април, среда, 2011 година, во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа промоција на визии за развој на градскиот велосипедизам во Прилеп. Визиите беа изработени во рамки на работилницата „Градови и велосипеди“ предводена од холандски експерт, ментори од архитектонски факултет и учество од Општина Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп, Г-дин Марјан Ристески истакна дека велосипедите се навистина најупотребувано превозно средство, и го потврди интересот на општината да работи на подобрување на велосипедската инфраструктура, како за градскиот, така и за планинскиот велосипедизам. По што градоначалникот додели сребрена значка на Град Прилеп наменета само за исклучителни личности на Амбасадорот на Кралството Холандија. ВелоФест ја истакна благодарноста за соработката со Општина Прилеп, Холандска Амбасада, Форум за авангардна креативност – Прилеп, Велосипедски клуб „Илинден“ – Прилеп и Архитектонски Факултет – Скопје; и додели потврди за учество и ВелоФест велосипедски траки за на нога на студентите.
ВелоФест 2011 продолжува во Скопје, каде на 28 април ќе се одржи промоција на визија за ноќна туристичка велосипедска патека која ќе изврши спој меѓу туристичките знаменитости на градот и ноќниот живот.
|
