Македонска верзијаEnglish version
Info Image

ВелоФест 2011

- Креативен фестивал за велосипеди -

 

2011:Велосипедска свест

 

„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.

ВЕЛОФЕСТ 2011 ПРИЛЕП

 

„Нова перспектива за велосипедската култура во Прилеп.“

 

Прилеп, 19 април 2011 година – На 20 април, среда, 2011 година со почеток од 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи првиот настан во 2011 година од второто издание на креативниот фестивал за велосипеди – ВелоФест.

 

На посетителите ВелоФест 2011 Прилеп, ќе им овозможи да ги погледнат визиите за градскио велосипедски развој на Прилеп и силното влијание кое возењето велосипед го врши на културата во Холандија. Имено, ќе биде прикажан краткиот анимиран филмот, добитник на Оскар, „Татко и ќерка“ од Михаел Дудок де Вит и ќе биде промовирана изложба со презентации со визии за велосипедски патеки во Град Прилеп. Визиите се изработени од апсолвенти по архитектура при Архитектонски факултат – Скопје, а под водство на Вим ван дер Вијк, експерт за транспорт од Холандија и наставен кадар од Архитектонскиот факултет – Скопје.

Настанот во Прилеп ќе биде остварен благодарение на Општина Прилеп, Холандска Амбасада, Архитектонски Факултет – Скопје, Форум за авангардна креативност – Прилеп, Велосипедски клуб „Илинден“ – Прилеп и Одржливи иницијативи – Скопје.


ВелоФест е креативен фестивал за велосипеди кој цели да го промовира возењето велосипед во Македонија. ВелоФест 2011, своите активности оваа година ќе ги остварува континуирано, и ќе биде посветен на велосипедската свест.

 

 

 

 

ВелоФест на Facebook
xtd
I <3 my Bike
Скопје, Прилеп