
ВелоФест 2011
- Креативен фестивал за велосипеди -
2011:Велосипедска свест
„ВелоФест“ е платформа за промоција на велосипедот како начин на живот: транспортно средство, рекреативно средство, професионален спорт, инспирација за уметничка креација или авантура и забава.
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО ПРИЛЕП
„’Градови и велосипеди’ и ВелоФест оваа година во Прилеп.“
Прилеп, 1 април 2011 година – Денеска во Прилеп започнува работилницата за планирање на велосипедски патеки, состевен дел на ВелоФест 2011. Работилницата која поврзува студенти по архитектура, асистенти од Архитектонски факултет, велосипедски експерти од Холандија, Општинска администрација, велосипедски клубови и граѓанскиот сектор во наредните четири дена за фокус ќе ги има улиците на Прилеп.
„Лани работилницата даде прекрасни, креативни визии за можности за велосипедски развој во Скопје. Целиме оваа година да создадеме уште по креативни, спроведливи решенија за Прилеп, кои градот ќе го придвижат кон станување на велосипедски град.“ вели Олгица Нелковска, координатор на работилницата. Најдобрите визии ќе бидат спроведени од страна на Општина Прилеп. Во организацијата на работилницата поврзани се неколку организации како Одржливи иницијативи од Скопје, Форум за авангардна култура од Прилеп, Архитектонски факултет од Скопје, Општина Прилеп, и велосипедскиот клуб Илинден од Прилеп. Сите страни ќе придонесат за постигнување на квалитетни резултати од работилницата. Резултатите од работилницата ќе бидат изложени пред јавноста кон крајот на овој месец во Прилеп и во Скопје. ВелоФест е креативен фестивал за велосипеди кој цели да го промовира возењето велосипед во Македонија. ВелоФест 2011, своите активности оваа година ќе ги остварува континуирано, и ќе биде посветен на велосипедската свест.
|
